old.avtoplus.mk

Škoda Karoq станува VW Tharu во Јужна Америка?

Под името Tharu, Германците ќе го лансираат чешкиот кросовер на пазарите во Јужна Америка, каде Škoda и не е толку популарен бренд, но Volkswagen има задоволително присуство.

Новиот модел ќе биде всушност замена за T-Roc - мал кросовер со многу слични елементи, но не и димензии како чешкиот модел, кој ќе биде пуштен наскоро во Европа и САД. T-Roc е помал и поскап од Карок, што го прави неприфатлив за Бразил, Аргентина и регионот.

Друга причина за овој потег е што новиот VW Tharu ќе биде склопуван во Аргентина, со што ќе се заштедат дополнителни ресурси. T-Roc се предвидува да се составува на неколку различни локации низ светот, но сите тие ќе бидат далеку од Латинска Америка.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !