old.avtoplus.mk

Audi го намалува бројот на компактни модели

Audi има намера да го намали бројот на компактни модели што ги нуди во својот асортиман. Првиот автомобил кој ќе стане "жртва" на претстојната реорганизација е 3-вратната верзија на А3.

Досега Audi одбиваше да коментира за ситуацијата, за нејзините планови за моделот и повлекувањето на изведбите со помала големина се должи на намалувањето на трошоците. Компанијата ќе ја задржи 5-вратната А3 Sportback хечбек верзија во својот асортиман. Веројатно ќе преживее и седанот, но тривратниот модел ќе го отстапи своето место на лифтбек со 5 врати, кој ќе биде лансиран во 2018 година. Две години подоцна треба да биде подготвена и следната генерација на моделот.

Во Инголштад се на мислење дека освен намалување на трошоците, појавата на лифтбек со 5 врати ќе пополни гамата на брендот со автомобил кој може да и конкурира на  новата генерација на Mercedes-Benz A класа.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !