old.avtoplus.mk

Една од најголемите закани за Volkswagen е Tesla

„Најголемата закана за нас е Tesla, а не некој од производителите на стандардни автомоболи“. Тоа го призна во интервју за изданието Inside, извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис.

„Досега главните конкуренти на Volkswagen беа Toyota, Hyundai и француските производители. Во новиот свет, тоа е Tesla. Иако е уште млада компанија, таа може успешно да спори со најголемите производители кои нудат огромен број модели и продаваат милиони автомобили годишно ", коментира Дис.

Треба да се напомене дека во 2016 година Volkswagen продал речиси шест милиони нови автомобили, а Tesla едвај 84.000. И покрај огромната разлика во резултатите, Дис е категоричен дека американскиот производител на електрични возила има експерти и технологии кои Volkswagen, за жал не ги поседува.

„Околу половина од инженерите на калифорнискиот производител се експерти за развој на софтвер за автомобили. Во VW таквите луѓе се водат за исчезнати. Покрај тоа, компанијата на Илон Маск се занимва со најмоќните електрични мотори, технологијата за автономно движење, најголемата мрежа на полначи и програмите за поврзување на автомобилите со интернет “, додаде Дис.

Шефот на Volkswagen беше категоричен дека неговата компанија ќе ги фокусира напорите токму во овие насоки, за да се израмни од Tesla. Интересно е дека порано оваа година, токму Дис изјави пред акционерите на компанијата: „Ние можеме да направиме сè што прави Tesla и ќе успееме да ги надминеме".