old.avtoplus.mk

Казна од 10 милиони евра за Audi?!

Властите во Германија можат да ја казнат компанијата Audi, која е дел од концернот Volkswagen, со 10 милиони евра и да побараат дел од идните приходи на производителот, како дел од договорот за регулирање на последиците од скандалот со манипулациите со дизел моторите.

Како што известуваат германските медиуми, обвинителството на Минхен поднесе тужба против Audi. Тоа е дополнување на претходното побарување против неколку соработници на компанијата. Исто така, постои и административен случај против раководството на производителот од Инголштад. Претставник на Audi изјави дека во компанијата се известени за новиот случај и целосно соработуваат во истрагата. По откритијата за новото дело акциите на брендот паднаа за 0,3% на берзата во Франкфурт.

Истрагата против Volkswagen и Audi започна откако беше откриено дека Концернот и неговата сестринска фирма долго време манипулирале со нивото на штетни гасови на дизел моторите, а исто така давале лажни информации за нивните вредности.

Во првите шест месеци од годината компанијата придонела околу 1/3 од приходите во концернот Volkswagen, кои изнесуваат вкупно 8,9 милијарди евра, што е пораст за 11,2%. Тоа значи дека и покрај обвинувањата во рамките на компанијата од Инголштад се работи мошне темелно, а надминат е и проблемот со падот на акциите.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !