old.avtoplus.mk

Nissan ја продава својата единица за батерии

Јапонскиот гигант Nissan го продава својот оддел за производство на батерии на кинескиот инвестициски посредник GSR Capital, објави Блумберг. Вредноста на договорот сé уште не е објавена.

Продадените средства ги вклучуваат сите производствени капацитети и развојни центри во областа на батериите - во САД (Смирна, во државата Тенеси), Велика Британија (Сандерленд) и Јапонија (Опама, Ацуги и Џама), потврдија од Nissan. Пред да ги продаде своите подружници, Nissan прво се здоби со целосна контрола над нив, со купување на акциите на малцинскиот акционер NEC. Енергетската компанија потврди дека е подготвена да ги продаде.

На прв поглед, договорот изгледа малку чудно поради големите амбиции на Nissan во областа на електричните возила. Nissan Leaf е најпродаваниот автомобил со електричен погон досега, а компанијата се потпира на тоа со својата идната генерација да стане најпосакувано возило и вистински конкурент за моторите со внатрешно согорување.

Сепак, за менаџментот на компанијата, има смисла да се пренесе дел од работата (и ризик) на други играчи. Ова ќе и овозможи на компанијата да се фокусира на R&D. GSR во Кина гледа огромни изгледи за електромоторните батерии и планира да префрли дел од производството дома, во градот Хубеи.