old.avtoplus.mk

Новиот Porsche Cayenne пристигнува догодина

Третата генерација на Porsche Cayenne ќе донесе голем број новитети, иако дизајнерски нема да доживее големи промени. Според извори од Концернот, кросоверот ќе се појави на пазарот најдоцна во текот на летото на 2018 година.

СУВ изведбата ќе биде изградена врз модуларната платформа MLB Evo, која веќе се користи кај моделите Audi Q7 и Bentley Bentayga. Таа ќе биде и во основата на следниот Volkswagen Touareg, како и на Lamborghini Urus, кој треба да се појави на пазарот на почетокот на 2018 година. Очекувањата се новиот Cayenne да преземе голем дел од стилистичките елементи на помалиот Macan, а генерално водечкиот SUV на Porsche, сепак ќе ја задржи лесно препознатливата силуета. Во ентериерот ќе се појави дигитален панел и конзола во стилот на новата генерација на Panamera. Од овој модел ќе бидат преземени и погонските агрегати. Тие вклучуваат 2.9-литарски Твин-турбо V6 и 4,0-литарски би-турбо V8, со 440, односно 550 КС.

Шефот на одделот за истражување и развој во Porsche, Волфганг Хатц, веќе отворено најави дека новиот Cayenne ќе стане најбрзиот теренец на планетата. Во моментов таа титула му припаѓа на Jeep Grand Cherokee Trackhawk, кој е опремен со 6.2-литарски HEMI мотор, кој развива 707 КС. Американскиот модел забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди и развива над 300 km/h. Освен стандарден Cayenne, компанијата Porsche ќе ја понуди и верзија крос-купе. Овој автомобил веќе беше забележан за време на тестирањата во текот на летото на 2016 година.

Популарно оваа недела

 

Анкета

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на нашата страница?

 стариот повеќе ми се допаѓаше

 многу ми се допаѓа

 ми се допаѓа

 не е лошо

 не ми се допаѓа