old.avtoplus.mk

Opel Astra ја освои наградата Green Mobility

И победникот е .... Opel Astra 1.6 CDTI со 81 kW / 110 КС со потрошувачка на гориво според NEDC: во град 3.9 l , на пат 3.1 l , комбинирано 3.4 l/100 km, со емисија на СО2 од 90 g/km.

Бестселерот од Риселсхајм ја освои наградата Green Mobility 2017 и ја доби титула „Најекономичен дизел“. Од вкупно 7.400 читатели на Auto Zeitung, 28.1 проценти ја одбрале за најекономичен автомобил изведбата со молња на решетката. Тоа ја стави во преден план Opel Astra пред успешните, на второ и трето место, BMW 520d и Mercedes E 220d.

Шампионот со најдолга автономија кај електромобилите - Opel Ampera-e исто така им се допаѓа од читателите на Auto Zeitung. Електричниот автомобил доби сребрен медал во категоријата „Најдобар електричен автомобил“. Со 520 километри, согласно новиот европски циклус на возење (NEDC), Opel Ampera-e нуди поголема автономија во однос на секој поблизок конкурент во сегментот.

- Многу сме задоволни од оваа експертска читателска оценка. Со тоа нашата Astra освои нова голема награда, откако веќе ја доби титулата Автомобил на  годината за 2016 во Европа, како и 13 национални титули, истакна Јирген Келер, извршен директор за продажба, маркетинг и постпродажни услуги на Opel Германија .