old.avtoplus.mk

Porsche и Audi со до 10.000 евра бонус?!

Концернот Volkswagen AG објави старт на програма trade-in за замена на стари автомобили со дизел мотори, кои ги задоволуваат стандардите од Еuro1 до Euro4, со нови. Нивните сопственици ќе добијат попуст до 10.000 евра ако купат нов автомобил од брендовите Porsche и Audi.

На пример, кога ќе купите нов Up! попустот од страна на Volkswagen ќе биде 2.000 евра, а за големиот теренец Touareg - до 10.000 евра. Кај автомобилите од марката Audi бонусите се движат од 3.000 до 10.000 евра, повторно, се разбира од моделот, додека кај Porsche, програмата важи само за Cayenne и Panamera, а бонусот е 5.000 евра. Во соопштението на германскиот производител се вели дека дополнителен попуст до 2.380 евра ќе добијат клиентите кои ќе купат електромобил, хибрид или автомобил кој работи на природен гас.

Од Концернот не сакаат да коментираат колку ќе ги чини новата програма. Како што е познато, Volkswagen AG ќе мора да поправи голем број постари дизел автомобили за да ги задоволи еколошките стандарди, а ова е една од акциите да овој процес биде побезболен и за клиентите, сметаат од Концернот.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !