old.avtoplus.mk

Тојота разви нов рачен менувач

Компанијата Toyota разви нов вид на пренос, кој  ги комбинира можностите на механички и автоматски менувачи. За разлика од стандардните роботски преноси, има послаби карактеристики, но неговото воведување ќе резултира со значителна помала потрошувачка на гориво.

Деталите за менувачот беа откриени од страна на Министерството за трговија на САД, каде што Toyota ги испрати сите потребни документи за регистрирање на пронајдокот. Според информациите, инженерите на јапонскиот производител додале во механичкиот менувач дополнителен елемент - блок за активација со електронска контрола. Во овој случај, актуаторите можат самостојно да ја активираат спојката кога електрониката ќе утврди дека возилото се движи во инерција со релативно константна брзина. Ова ќе овозможи економичност на горивото, бидејќи моторот практично ќе работи на брзина на мирување.

Дополнително, електронскиот систем на менувачот ќе спречи премногу ниска брзина од менувањето од поголема брзина или превисока - при возење во сообраќајни метежи. Преносот на тој начин ќе го заштити од тромост автомобилот, а возачите, особено оние неискусните, нема да „уфрлат“ во погрешна брзина кога ќе менуваат брзини.

 

Не се споменува можноста за брзо лансирање на новата менувачка кутија во сериско производство.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !