old.avtoplus.mk

VW го менува Hyundai за Евро 2020

Volkswagen го менува Hyundai како главен партнер на УЕФА за Евро 2020, односно германската компанија ќе биде одговорна за превоз на учесниците, медиумите и официјалните лица на турнирот.

Во VW навистина решиле да вложуваат во популарноста на фудбалот. Во јули VW направи еден важен чекор во битката за популарноста и стана најголемиот спонзор на репрезентацијата на Германија во фудбал, односно го смени на оваа позиција Mercedes, кој беше главен спонзор на германските репрезентативци во текот на 45 години.

УЕФА донесе доста поинаква формула за организирање на Евро 2020. Натпреварите ќе се играат во 13 градови низ цела Европа, а организатор е Европската унија. Полуфиналето и финалето на турнирот ќе се на Вембли во Лондон, а натпреварите по групи ќе се играат во Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Амстердам, Даблин, Букурешт, Билбао, Брисел, Будимпешта, Глазгов и Копенхаген.