old.avtoplus.mk

Во кујната на Opel се „крчка“ Insignia OPC?

Втората генерација на Opel Insignia е веќе во продажба во многу земји низ Европа, каде наиде на извонреден, крајно неочекуван, интерес. Во склад на традицијата, како велат од Риселсхајм, следниот чекор е промоцијата на спортска верзија OPC.

Иако нема целосно официјални податоци, меѓутоа, различни извори веќе објавија прелиминарни детали, кои се темелат на извори кои сакаат да останат анонимни, што се дел од тестирањата на предсериските прототипи. Најверојатно, повторно по непотврдени информации, автомобилот ќе го видиме на саемот во Женева следната година. Погонот ќе биде доверен на 2.0-литарски турбо мотор, чија моќност ќе изнесува околу 330 КС. Според различни автомобилски изданија е можно изведбата да се нуди со рачна или автоматска трансмисија, а 4х4 погонот ќе биде задолжителен. Но, тоа нема да се сите доработки, следи спортска суспензија, која ќе го „спушти“ моделот пониско кон асфалтот, па на тој начин ќе се обезбеди малку понизок центар на гравитација, како и поголеми сопирачки и спортско поставување на управувањето.

Што се однесува до стандардниот модел, новиот Insignia е поголем од својот претходник, полесен е и поубав. Во зависност од модификацијата може лесно да се надградува и да се додаваат спортски елементи. Коефициентот на воздушен отпор е само 0.26. Со моделот Opel воведува и нов 8-степен автоматски менувач, кој се нуди само во 4х4 верзиите.

Популарно оваа недела

Анкета

Дали сакате повторно да има АУТОЕКСПО, саем на автомобили во Скопје?!

 Сакам да има !

 Не сакам да има !