fbpx

Интервју со Јухеи Кубо, директор на Toyo Tires

Редакцијата на Авто Плус изминатиот период имаше можност да поразговара со Јухеи Кубо, директорот на јапонскиот производител на пневматици Toyo Tires

Познатата јапонска компанија Toyo Tires започна со реализацијата на својата најнова инвестиција во Европа, започнувајќи со изградбата на својата фабрика во Србија, за која компанијата истакнува дека ќе биде најважна во нивната глобална стратегија.

Авто Плус доби можност да поразговара со еден од клучните луѓе на Toyo Tires, господинот Јухеи Кубо директор за планирање на продажбата и стратегија, кој одговори на неколку прашања околу плановите, последиците на коронавирусот врз автомобилската индустрија, очекувањата во следниот период и околу тоа како македонската компанија Мотоцентар, која е официјален увозник на Toyo Tires во нашата земја, се вклопува во стратегијата и визијата на компанијата.

Toyo Tires

Како здравствената криза во светот влијаеше врз продажбата на пневматици?

„Со оглед на нашиот капацитет од околу 35 до 37 милиони пневматици на годишно ниво, ние во времето на пандемијата успеавме да ја продадеме целата своја залиха како и во 2020 година. Но, трошоците за транспорт само во Европа произведоа загуби од околу 12 милиони евра, кои ние ги сносевме не сакајќи да ги оптоваруваме долгорочните партнери на кои по договорени цени им продававме на CIF.

„Короната најмногу влијаеше на нашите фабрики во Малезија, Америка и Јапонија каде имавме неколку двонеделни затворања во производството, а во согласност со актуелните пропишани мерки во тие држави. Во секој случај, ние сме задоволни со продажбата.“

Toyo Tires започна со реализација на својата најнова инвестиција во Европа, а тоа е изградбата на нова фабрика во Србија. Кои се плановите и како оваа фабрика се вклопува во филозофијата на компанијата?

Повеќе од една деценија Toyo Tires гордо ги произведува и испорачува своите пневматици со марка Toyo од своите фабрики надвор од Јапонија. Иако локациите се различни, вклучително и САД, Кина и Малезија, се воведуваат строги контроли на квалитетот за да се осигура дека и материјалите и производствените процеси се униформно подготвени и специфицирани од нашето главно седиште во Јапонија.

Нашата нова фабрика во Србија е развиена со користење на нашето добро воспоставено знаење и искуство во производството во комбинација со некои од најнапредните материјали и машини за производство на пневматици развиени во Европа. Врз основа на овие цврсти темели, можеме со сигурност да ги увериме клиентите и потрошувачите дека квалитетот на пневматиците произведени во Србија, ќе биде барем толку висок како оние од другите наши фабрики. Со развојот на новите технологии со текот на времето, вклучително и искористување на моќта на Интернетот за информирање, нашата амбиција е да ги надминеме постојните стандарди.

Фабриката во Србија ќе произведува широк спектар на пневматици за патнички автомобили и теренски возила во сите категории што се продаваат низ Европа, летни, зимски, како и пневматици за сите сезони. Асортиманот произведен во Европа ќе се прочисти со текот на времето за да ги надополни пазарите на кои сме активни, што ќе ни овозможи да го прилагодиме производството за да одговара на нашиот комерцијален раст.

Toyo Tires

Какви се вашите прогнози за следниот период и како Мотоцентар ги исполнува вашите очекувања?

„Проекциите се оптимистички, целосно сме распродадени за 2021, како и за 2022 и со нетрпение го очекуваме отворањето на фабриката во Србија која ќе ги зголеми нашите капацитети и ќе ја олесни продажбата во Европа, што за нас е исклучително важно, бидејќи идниот фокус на доброто снабдување во Европа и Русија и раст во уделот на пазарот.

Очекувањата за Балканот, па така и за Македонија, ни се дека со изборот на вистински партнери, етаблиравме одлична мрежа на ексклузивни дилери кои секако ќе придонесат за растот на продажбата на нашиот бренд бидејќи бенефитот ќе биде не само на брзата испорака, туку и конкурентните цени.

Мотоцентар како познат brand developer на пазарот во Македонија е наш одличен партнер, па со нивните препораки секако ќе дојдеме до подобра препознатливост на нашиот бренд на пазарот и ќе го развиваме нашиот бренд постепено“.

Поврзани вести

Back to top button