AВТОПЛУС : За нас Маркетинг Контакт

Автоплус

Mало поместување во однос на септември

Во текот на десетиот месец од годинава продадени се 315 возила, што претставува сепак мал пораст во однос на оствареното во септември, кога беа пласирани само 262 нови возила. 

Но, сепак тоа е огромна негатива во однос на истиот период лани, или -30,62% помалку од реализираното во октомври 2011. 

Кризата на автомобилскиот пазар и натаму како оков стега околу комплетното егзистирање на импортерите, кои и натаму бележат крајно поразителни резултати. Точно е дека во октомври има мало поместување со нагорна линија, но тоа е резултат на продадени возила кои се дел од флотните продажби на Владата, јавните претпријатија, а поретко компании. Имено, во текот на десетиот месец од годинава продадени се 315 возила, што претставува сепак мал пораст во однос на оствареното во септември, кога беа пласирани само 262 нови возила. Но, сепак тоа е огромна негатива во однос на истиот период лани, или -30,62% помалку од реализираното во октомври 2011. На тој начин продолжува сивилото во оваа стопанска гранка на македонскиот економски пазар, која веќе со месеци бележи континуиран пад. Во десетте месеци од годинава во Македонија се продадени вкупно 3.497 возила, што претставува негатива од -32,97%, во однос на истиот период минатата година (5.217). Како стојат работите уште долго, по се, ќе се чуствуваат последиците од кризата!?
Според согледувањата на економските аналитичари и покрај најавите за уште неколку обнови на возните паркови на одредени компании, како и набавката на специјални возила (за брза помош, за полиција...), годинава секако ќе биде меѓу најкатастрофалните, според остварувањето, од осамостојувањето на државава до сега. 

Најдобро продаваната марка Volkswagen во десетиот месец од 2012,    продаде 42 возила. Веднаш зад својот водечки бренд во рамките на концернот повторно е Škoda, чии модели успеаја да стигнат до 38 сопственици. Натаму на листата на најпродаваните марки во текот на октомври следат Opel со 26, пред Chevrolet со 23, а меѓу првите пет по подолго време се најде Peugeot со 22 продадени единици. Што се однесува до оствареното во десетте месеци од годинава кај брендовите и натаму на првата позиција е Volkswagen со 549 реализирани автомобили, со огромна разлика пред останатите Škoda со 277, Opel 234, Fiat 203 и Citroen 200. Кај моделите прв е Golf со 214, пред Opel Astra со 149, Polo 124, Passat 121 и Škoda Fabia 119 единици.

     НАЈПРОДАВАНИ МОДЕЛИ ЗА 2012 ГОДИНА
     октомври        јануари-октомври

     НАЈПРОДАВАНИ МАРКИ ЗА 2012 ГОДИНА
     октомври        јануари-октомври






Социјални медиуми

Споделете ја оваа вест со вашите пријатели на:

Анкета

Новинарите од целиот свет ги одбраа супермобилите на Салонот во Женева. Кој од нив Ти мислиш дека е најдобар/ наубав?








Календар на настани

п в с ч п с н
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30