МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Авто Плус Street Show – перфектен ден

Скопје потврди дека му треба повеќе дружење со автомобилите

Уште откако престана редовно да се одржува саемот за автoмобили, сметавме дека треба да потегнеме иницијатива и да обезбедиме таков настан. Наместо во саемските хали, со модификација на идејата, излеговме на улица – онаму каде што и припаѓаат автомобилите, без разлика на каросеријата, цената, брендот…

По точно 13 години главниот град, со поддршка од Градоначалникот Г-динот Петре Шилегов, уживаше во сјајот на новите автомобили. Нови, еколошки и технолошки напредни и електрифицирани автомобили. На булеварот Илинденска, од Фонтана, па сè до Зоолошка градина се протегаа повеќе од 20 брендови, на автомобили, но и компании од придружната индустрија. За пофалба нели!?

АПСС

На Авто Плус Street Show имаше изложено секаков вид на автомобили, со различни каросерии, различни погони, за различни намени. Покрај тоа дел од нив беа за прв пат и покажани на јавност, односно имаа свои премиери, а останатите ги покажаа своите најнови отварувања во полн сјај. Оние кои имаа повеќе време, уживаа во тест возењата на дузината возила кои беа на располагање, од сите големини и марки.

APSS

На самот почеток, присутните можеа да се воодушеват на моделите на Audi. Брандот од Инглоштат, привлече интерес со своите изведби на A6 и Q8, а веднаш по него следеа моделите на Volkswagen. Германскиот бренд настапи со веќе познати модели, но затоа пак нивните изведби беа изненадување.

APSS

Polo беше со Highline ниво на опрема, Golf со R-Line додека новитетот, T-Roc со Sport. Меѓу нив присутна беше и најновата генерација на Touareg, а групацијата продолжи со Seat кој на оваа изложба атакуваше со својата FR гама на Ibiza, Leon, Arona и Ateca додека чешкиот производител Škoda ги истакна моделите  Superb и Kodiaq.

Peugeot беше следен во низата. Покрај познатите 108 и 308, брендот беше присутен и со кросоверот 3008, а на тронот на овој простор беше „Автомобилот за вистинскиот маж“ – моделот 508.

APSS

Од спротива беше поставен добро познатиот бренд за автомобилски гуми Toyo, кој беше најинтересен со подигнатиот теренец кој ги презентираше гумите наменети за офроуд терените.

APSS

Во делот на Ford имаше изненадување за посетителоте. Покрај „Автомобилот на годината за 2019“ – Focus, беа поставени и SUV изведбата на Fiesta – Active, како и хибридниот Mondeo. Четвртиот член на семејството беше моделот Kuga.

APSS

Корејскиот бренд Hyundai беше присутен со i30, SUV моделот Tucson, како и помалата Kona која во салонот на Кореа Авто Трејд можете да ја видите и во целосно електрична изведба.

APSS

До Hyundai, Mazda имаше вложено сè во своето последно остварување на моделот 3. Пред извесен период беше пристигнат во Македонија, а сега присутните имаа можност да го запознаат од блиску.

APSS

На средината на целиот настан беше поставена Kia. Главна атракција на овој простор беше моделот Stinger во GT Linе верзија, а присутните ги делеше со Black Pack изведбата на Ceed. Овие два модели беа дополнети со Sportage и Stonic, кои ја имаа опремата за 2020 година.

APSS

Од спротива на јужно-корејскиот бренд беше поставен премиум брендот од Шведска. Volvo на Авто Плус Street Show ја покажа целата гама на SUV возила – моделите XC40, XC60 и XC90, a просторот беше дополнет со R-Design изведбата на S90.

Следеа јапонските брендови Lexus и Toyota. Кај премиум брендот можеше да се погледнат кросоверите RX и EX, лимузината ES, како и новитетот за македонскиот пазар – моделот UX. Во просторот на Toyotа за прв пат пред македонската јавност беше покажан моделот Camry.

Можеби малку познат за европскиот пазар, но тоа е автомобил кој во голема мера ги освојува останатите континенти. Покрај него и RAV 4 беше присутно и семејството на најпродаваниот модел во светот – Corolla. Најмногу воодушеви фактот што јапонските автомобили беа сите со хибриден погон.

APSS

Присутни беа и два француски брендови и еден италијански. Citroen на Авто Плус Street Show дојде со урбаниот Citroën C3, модуларниот C3 Aircross SUV и секако новиот Citroën C5 Aircross SUV со кои освои „SUV на годината во Македонија за 2019 година“.

APSS

Fiat ги запозна присутните со Tipo Mirror, но истите имаа можност да се дружат со легендата на италијанскиот стил – Fiat 500 и градскиот фраер – Fiat 500L.

APSS

Од спротива свој простор имаше Renault кој во оваа прилика беше единствениот со електрични автомобили. Под шаторот на Renault, беа поставени моделот ZOE, како и Z.E. изведбата на Kangoo, а најинтересен за посетителите беше Twingo Cub тркачкиот автомобил.

APSS

На овој дел од улицата беа присутни и Exide – брендот за акумулатори и Sonax – компанијата која е најискусна во козметиката и негата за автомобилите. Благодариме и на Градски Паркинг за дадената поддршка. Нивното електрично возило беше и атракција за посетителите и помош за организаторите. Перпетуумобиле се грижеа за безбедноста на настанот и беа секогаш и насекаде со својот сегвеј.

1 |
2 |
3 |

    Целиот настан беше зачинет со моделите на Porsche. Истиот ден брендот имаше „гости“, а тие го посетија Авто Плус Street Show. Меѓу присутните беше новиот Porsche Cayenne Coupé кој беше за прв пат презентиран минатиот месец во светот, а еден од трите примероци во Европа ја доживеја својата премиера токму на нашиот настан. Секако на ова се надополни посетата на Porsche Experience караванот со 8 топ ѕверки од германската ергела.

    APSS

    Мега галерија од 250 фотографии од настанот кој започна со подготовки во 05.00 часот и заврши во 23.00! Проверете како тоа изгледаше – кликни овде

    APSS

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Може и ова да ви се допадне

    Close
    Close