Блесок на SUV гамата на Opel во Сити Хол

Во присуство на голем број пријатели на марката, претставници од фелата, клиенти... во Сити Хол во Скопје, беше претставено SUV семејството на Opel: Crossland X, Mokka X и Grandland X

Новите остварувања на гигантот од Риселсхајм беа преставени на несекојдневен начин, наместо модератори моделите беа презентирани од автомобилските новинари: Љупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Агрон Сулејман, Блашко Велјановски, Горан Антевски и Крумислав Барзов, заедно со Драган Ненадовиќ, регионалниот директор на Opel. На почетокот од промоцијата Драган Ненадовиќ изрази големо задоволство поради премиерната промоција на SUV гамата на Opel во Македонија, како и фактот за големиот интерес што го предизвика овој настан. – Особено сум среќен што Opel сега може да понуди дури три возила од SUV сегментот. Mokka X е одличен наследник на веќе прославената Mokka, а Crossland X и Grandland X се прв заеднички модел развиен во рамките на новата групација – PSA. Со овие модели влегуваме сериозно во најбрзо растечкиот сегмент во светот и очекуваме дека набрзо ќе станат наши најдобро продавани возила. Тие не само што ќе го обезбедат заслуженото место на Opel кај љубителите на овој сегмет, туку и ќе ја заокружат нашата атрактивна понуда. Се радувам дека по саемот во Белград новите модели премиерно ги претставуваме и во Скопје, потенцира Ненадовиќ.
Mokka X се одликува со атрактивен дизајн и погон на сите четири тркала. Моделот е вистински успех за Opel, со повеќе од 750.000 продадени возила. Возачите на Mokka X уживаат во главната предност која се рефлектира во повисоките седишта, давајќи акцент на подобрената видливост. Овој компактен авантурист привлекува со внимание со спортскиот дизајн, а покрај тоа и двапати е добитник на наградата „Автомобил на годината со погон 4Х4“. Самоуверените, мускулести линии го привлекуваат вниманието, додека повисоката поставеност од тлото и големите тркала од лесна легура се доказ дека станува збор за вистински теренец. На крај она што е приказна поврзана за Mokka X моделот е комбинацијата на динамичност, сила и храброст.


Opel Crossland X е разбирлив, остар, свеж и неверојатно практичен. Првиот играч во SUV селекцијата им одговара на сите кои се сестрани и подготвени за предизвици. Совршен пандан на урбан начин на живот благодарение на рафинираниот дизајн и компактните димензии. Софистициран и динамичен, новиот Crossland X се издвојува со практичноста и спортската елеганција и поседува единствена специфичност – фантастичен ентериер, насочен кон оние што сакаат унапредена функционалност и практичност за своето семејство. Опцијата за покрив во две бои, голем багажник како и доволно внатрешен простор се главните атрибути на Crossland X моделот. Идеален е за кратки шопинг патувања, но и за заминување на подалечни дестинации. Само една година од отворањето на книгата за нарачки веќе стана бестселер: 100.000 купувачи во Европа го одбраа Opel Crossland X.

Opel Grandland X ги претставува сите карактеристики што ги поседува еден SUV автомобил. Голема пространост и разновидност, комбинирана со стилско-динамичен ентериер го прават Grandland X премиум возило со врвни квалитети. Овој несекојдневен СУВ го привлекува вниманието со своите остри линии, мускулестата силуета и спортскиот изглед. Многуте иновативни технологии го првата возењето полесно, попрактично и побезбедно од било кога досега. Сите овие особини го прикажуваат Grandland X како вистински предизвикувач во својата класа.

На крајот од вечерта директорот Ненадовиќ го извлече и среќниот добитник на наградната игра кој освои викенд за двајца во Берово на кој ќе отпатува со Grandland X и ќе се увери во сите негови погодности.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close