МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Во трка за Автомобил на Годината десет финалисти

Според гласовите на жирито, во финалниот дел за годинашниов 23-ти национален избор за Автомобил на Годината во Македонија за 2018 се најдоа дури десет потенцијални кандидати за најблескавото признание кај нас

Жирито составено од новинари чија специјалност е автомобилизмот ги соопшти имињата на моделите, односно финалистите кои годинава подеднакво ќе конкурираат за титулата Автомобил на годината во Македонија за 2018. Правејќи анализи и оценувајки ги сите годинашни кандидати кои се најдоа на пошироката листа, применувајки ги критериумите според кои може да се биде дел од финалниот избор, жирито дојде до бројката десет. На листата на финалистите се (по азбучен ред):

[socialpoll id=”2479568″]

Производителите направија своја нова стратегија за освојување на автомобилскиот пазар, а една од нив беше лансирање на што повеќе нови модели. Како рефлексија на ова, новите изданија пристигнуваа со исто темпо како на светските, така и на македонскиот пазар, па затоа лани имавме многу новитети. Навистина пред жирито претстои тешка задача, бидејќи конкуренцијата е жестока. Се очекува препознатливата стилизирана „маска од ладилник“ која се доделува на носителот на титулата и ги краси витрините на најреномираните светски производители, а се разбира и оние на нашите импортери. Затоа и годинава предизвикува голем интерес кај пошироката јавност, посебно љубителите и фановите на миленичињата на четири тркала. Инаку, согласно работата на жирито, на ред се финалните тестови и активности. Носителот на титулата, во склад со традицијата, ќе биде познат, односно објавен во текот на февруари, исната година.

Авто Плус традиционално е дел од овој избор, односно најстарата автомобилска редакција кај нас е зачетник на манифестацијата и секоја година активно учествува како дел од неа. И годинава ви нудиме можност да преку нашиот медиум Вие го дадете мислењето кој ја заслужува 23-тата круна автомобил на годината!

Гласајте во анкетата на нашиот портал и бидете дел од оваа манифестација!

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close