Кина забранува производство на 553 модели, од Audi и Mercedes

Од 1 јануари 2018 година, Кина го забранува домашното производство на 553 автомобили, кои не ги задоволуваат современите еколошки стандарди и трошат многу гориво

Соодветната забрана е публикувана од страна на China Vehicle Technology Service Center (Кинески Технолошки Сервисен Центар за автомобили), известува Bloomberg. Имено, Генералниот секретар на кинеската автомобилска асоцијација во интервју за агенцијата соопшти дека тоа е „не е премногу голем” процент на автомобили произведени на локалниот пазар. Познато е дека меѓу оние кои се „најдоа во аут“ се Audi Q3, Chevrolet Cruze, Mercedes- Benz C- Class…

забранува

Неодамна, владата на Кина претстави план за забрана на продажба на автомобили на ICE до 2030 година во земјата. Дотогаш, до 40% од паркот се очекува да бидат хибриди, на горивни ќелии и електрични автомобили. Во првите 11 месеци од тековната година, во Кина беа продадени 490.750 „зелени” возила. Најпопуларниот меѓу нив е електричниот кросовер BAIC EC- Series, кој има реализација од 64.910 единици.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close