МАКЕДОНИЈА

Малечкиот во нова ролја

Во Тојота Автоцентар претставен новиот Yaris до клиентите во Македонија

Во салонот на Тојота Автоцентар беше претставена новата генерација на компактниот Yaris, во чиј развој главна улога одиграа европските дизајнери и инженери на компанијата со цел моделот што повеќе да го приближат до клиентите на Стариот континент.

Како што потенцира пред присутните одговоната за маркетинг во Тојота Автоцентар, Ана Трајковска, во споредба со својот претходник, Yaris 2017 се одликува со повеќе од 900 нови делови. Инвестицијата во новата генерација на моделот е во износ од 90 милиони евра, а неговото производство, како за европскиот, така и за останатите пазари, останува доверено на TMMF (Toyota Motor Manufacturing France).

Со целосно променет дизајн на предниот и задниот дел, Yaris 2017 е значително постилски и помодерно креиран од својот претходник. Дизајнот е од клучно значење за клиентите при избор на автомобил во B-сегментот и тимот во европското дизајнерско студио на Toyota – ED2, го стави својот фокус врз атлетски и динамични форми за новиот Yaris. За да се постигне оваа корекции претрпе како предниот, така и задниот дел на возилото. Промените напред вклучуваат нов оклоп, кој потсетува форма на катамаран, со широки странични линии, засенчување во новите предни светла кои се инпрегнирани во широката трапезоидна предна решетка. Новата странична визија на Yaris додава динамичност со силен акцент на средната линија на возилото, препокривајки го од крај до крај. Палетата од тркала вклучуваат три нови дизајни. Во задниот дел, чувството за софистицираност е плод на масовната централна линија центриран благодарение на новата задна врата. Во зависност од нивото на опрема, задните светла можат да бидат со LED стоп светла, нагласувајки го премиум квалитетот на Yaris. Главниот фокус при обновувањето на ентериерот на Yaris беше да биде запазена свежа и модерна визија и сеопфатна атмосфера, но со нови тапацири, бои и декоративни детали, како и повеќе модерни инструментални апарати и копчиња кои гарантираат одлични ергономија и HMI (Human-machine Interface) интерфејс. Комбинираната централна конзола е со целосно нов 4.2 “TFT мулти-информативен екран, кој е стандарден за ниво Start. Други дизајнерски детали во ентериерот вклучуваат нови спроводници, ладно-сино осветлување на инструментите, вклучувајки нови копчиња со чист дизајн и полесна употреба.
Од Toyota ветуваат дека тој ќе биде и најбезбедниот претставник на легендарниот модел. За постигнување на тоа, од компанијата се вклучува голем број системи за активна безбедност Toyota Safety Sense во стандардната опрема на секој еден од претставниците на возилото. Во пакетот се вклучени системи како такви за предупредување при ненамерно преминување на аксијална линија, автоматски фарови, Pre-Collision System со функција за автоматско активирање на сопирачките и други.

Новина во опремата на Toyota Yaris 2017 е и 1.5 литарскиот бензински мотор кој е помоќен и поекономичен во споредба со 1.3 литарскиот агрегат, кој го заменува. Yaris продолжува да биде уникатен во B-сегментот со својот хибриден погон што обезбедува непречено, релаксирачки и интуитивно управување. Водечката хибридна технологија на Toyota ветува најдобри индикатори за потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови во сегментот (од 75 g/km CO2).

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker