МАКЕДОНИЈА

Новата Honda Civic за Сашо Ангеловски

Во центарот на Honda беа доделени наградите од зимското финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“

– Зад нас полека останува годината во која Макпетрол го одбележа 70- годишниот јубилеј на компанијата. Блескавиот јубилеј ни даде мотив за дополнително да ги зголемиме нашите стремежи за подигнување на квалитетот за скалило погоре. Тоа се 70 години напорно работење, исполнување на зацртаните цели, постојано воведување новитети, но најважно од се- задоволни потрошувачи. Ние постоиме и работиме за makpetrol nagradiда ги задоволиме сите потреби на нашите клиенти. Остваривме многу вредни резултати, а отворивме две нови и реновиравме и неколку постоечки бензински станици. Овој јубилеј не потсети колку многу должиме на нашите верни потрошувачи, бидејќи сме свесни дека без нив Макпетрол не би бил таму каде што е денес, истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД, пред присутните гости, претставници на компанијата, на медиумите…

Како гест на благодарност за довербата на своите корисници, Макпетрол ја воведе програмата ВЕРНА која до денес брои над 130 илјади членови. Во рамките на истата од 1 март беше воведена наградната игра „70 години Макпетрол“ во која учествуваа 1.127.788 трансакции.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker