НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Први фотографии за off- road изведбата на Volkswagen Polo

Новиот подигнат хечбек може да го задржи старото име CrossPolo, но не е исклучена и промена, па во иднина да пристигнува како Polo Alltrack

Новата off- road верзија се очекува да биде лансирана во 2018 година.

Тоа ќе се разликува од стандардната верзија со дополнителниот пластичен теренски комплет и зголемениот клиренс на подницата. Ова „теренско издание“ исто така ќе има специјални алуминиумски тркала, како и оригинален дизајн на ентериерот. Моторите очигледно ќе бидат позајмени од стандардната варијанта на Volkswagen Polo 2018. По избор на купувачот ќе бидат достапни бензинските турбомотори со волумен 1.0 (95 и 115 КС) и 1.5 (130 и 150 КС), како и 1.6- литарскиот турбо дизел со капацитет од 80 и 95 КС. Изборот на трансмисија помеѓу механички менувач и роботизиран DSG со двојна спојка, исто така ќе биде достапен.

Polo

Клучни зборови

Поврзани вести

Close