НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Прв поглед на внатрешноста на Porsche Taycan

Компанијата соопшти дека внатрешниот дизајн на електричниот Porsche Taycan е во согласност со класичниот дизајн, но истиот е во склоп со новата дигитална ера

Porsche објави официјални фотографии од внатрешноста на првиот целосно електричен модел Taycan.
Компанијата соопшти дека внатрешниот дизајн на електричниот автомобил е во согласност со класичниот дизајн, но истиот е во склоп со новата дигитална ера, со што брендот го следеше добро познатото „помалку е повеќе“. Внатрешноста на Taycan комбинира елементи од дизајнот на брендот со нов вид корисничко искуство и импресионира со неговата рафинирана елеганција, – коментира Иво ван Хулен, директор на одделот за дизајн на ентериер во Porsche.

2020-porsche-taycan
Работната табла на Porsche Taycan нуди стилски и минималистички дизајн, а според компанијата копчињата се лесни за корисниците и не бараат големо внимание од возачот кога се користат. Панелот се состои од заоблен екран од 16,8 инчи, на кој возачот може да избере приказ на нформации во четири главни режими – Classic, Map, Full Map и Pure, при што вториот доставува податоци за брзината, патните знаци и системот за навигација.

2020-porsche-taycan
Кај овој модел Porsche обезбеди избор на два управувачи – стандарден и спортски GT, дел од функционалностите на таблата може да се контролираат преку глас, а доколку сакаат, потрошувачите, совозачот може да добие дополнителен екран поставен во близина на централниот, каде може да се контролира мултимедијалниот систем.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close