МАКЕДОНИЈА

ПРИСТИГНА НОВАТА HONDA CIVIC

Како што најавија во Макпетрол од ова лето стартува продажбата на новата генерација на Хондиниот бестселер- Civic

Како што најавија во Макпетрол од ова лето стартува продажбата на новата генерација на Хондиниот бестселер- Civic. Неколку изданија веќе се дел од декорот на Хондиниот салон во Скопје, каде можете да ги добиете сите потребни информации за продажбата.

Европското поделба на Honda подготви посебна едиција на новата генерација на хечбекот, која е адаптирана за потребите на клиентите на Стариот континент, а се разбира и за оние од нашата држава.

Civic

Вреди да се напомене дека ова остварување на јапонскиот гигант несомнено е многу важен модел, со оглед на фактот што ова е најбараниот автомобил од Хондината гама на континентот, па и кај нас. Димензиите на хечбекот се, должина 4.518, широшина 1.799, висина 1.434 mm и растојание помеѓу двете оски – 2.698 милиметри. Тежината на автомобилот се движи помеѓу 1.299 и 1.397 килограми, во зависност од агрегатот и нивото на опрема.

Волуменот на багажникот е 478 литри кај верзијата со пет врати. Во ентериерот на европскиот Civic е поставен 7-инчен екран на допир на системот Honda Connect 2, кој работи со Apple CarPlay и Android Auto. Тој се потпира и на 4-core процесор Nvidia Tegra 3. Достапни се и два вида аудио системи – со 180 или со 449 вати.

Civic

Хечбекот доби и најсовремени системи за безбедност од комплексот Honda Sensing. Во основната опрема влегуваат систем за автоматско сопирање, асист-состав за следење на лентата на движење, функција за откривање на знаци, адаптивен круз-контрол … Специјално за Европа се направени нови поставки на системот за стабилизација, а како опција се нуди индивидуализирана амортизација и потпирање.

Познато е дека моделот ќе се нуди со избор од два бензински мотори: 1.0-литарски со 3 и 1.5 со 4 цилиндри. Помалиот развива 129 КС и 200 Nm, а поголемиот – 182 КС и 240 Nm. Менувачите се 6-брзински мануелен и сo вариатор. Со помоќниот мотор Civic забрзува од 0 до 100 km/h за 8,2 секунди (со рачeн менувач) и 8,5 со вариатор, а потрошувачката е меѓу 5,8 и 6,1 l / 100 km. Кај 1.0-литарскиот мотор времето е 10,2 и 11,2 секунди, а троши меѓу 4,7 и 5,1 l / 100 km.

Цената за Комфорт ниво на опременост е 20.990 евра, а за Спорт верзијата со 182 КС 24.490 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close