Пронајден сопственикот на првиот Ford Mustang

Пронајден е сопственикот на модел од првата серија на Ford Mustang. Тоа е 76-годишната Американка Гејл Ваис, која го купила светло синиот кабриолет со своите родители на 15 април 1964 година, два дена пред неговата светска премиера на изложбата во Њујорк, за 3.447,50 долари.

Пред 54 години, Клаудиј и Хелен Браун отишле со својата ќерка Гејл во Фордовиот дилерски центар за да  купат подарок. Немале соодветен автомобил од моделот што го барале, но продавачот му понудил на семејството да погледнат еден сосема нов модел, кој штотуку пристигнал во складот. Со децении, Гејл не знаела дека ова е првиот сериски Ford Mustang..

Две години подоцна, девојката се омажила со Том Вајс, а кабриолетот станал нивни семеен автомобил. Тие го возеле 15 години и поминале 68.000 милји , но во 1979 година тој бил оштетен и оставен во гаражата. Наскоро по пензионирањето, Том одлучил да започне се обновување на автомобилоти, па почнала да бара делови на интернет. Откако  дознале за него преку мрежата многумина, констатирале дека ова  првиот сериски претставник на култниот модел.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close