ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Групата РЅА со специјална поделба за електрични возила

Француската автомобилска компанија РЅА, сопственик на марките Citroën, Peugeot, Opel, Vauxhall, Hindustan Motors и DS Automobiles, создаде на почетокот на овој месец посебна единица која ќе се занимава со развој и производство на електрични возила

Се очекува првите резултати од работата на новата единица на PSA да се видат во 2019 година, а до 2025 година одделот има задача постојано да лансира нови технички развојни елементи, кои групата PSA ќе ги користи во нодвите модели на електрични и хибридни изведби. Засега нема вофицијални информации врз кои модели ќе се фокусира првично новоформираната единица, како и тоа дали ќе се користи т.н. „беџ инженеринг” во Peugeot, Citroën, DS или Opel електрични автомобили.

РЅАОд компанијата истакнуваат уште дека новата единица ќе се занимава не само со создавање на нови модели електрични, но и со услуги за сопствениците на електромобилите на групата PSA.

 

Досегашниот постар заменик претседател на програмите С и D на PSA Group, Александер Гунер е назначен за шеф на новата поделба, означена засега како BU / Business Unit / и ќе поднесува извештај директно на директорката на Citroen, Линда Џексон.

– Промената во енергетската политика на компанијата е можност за невидена технолошка офанзива, овозможена поради нашите нови платформи, кои нудат користење на различни енергии за погон. Предизвикот пред BU ќе е да обезбеди најдобри автомобили во најдобро време за да ги задоволи нашите клиенти, а ние дополнително ќе се погрижиме да обезбедиме најдобри економски услови за промоцијата на електрични возила на групата PSA ‘на пазарот, истакна Линда Џексон.

Марките на групата имаа неколку различни обиди за електрични возила во минатото, како варианта на Berlingo, целосно електричното E-Méhari и супер изведбата DS E-Tense. Во моментов се работи на сопствени електрични платформи од кои ќе произлезат 4 нови електрични возила и 7 plug-in хибриди, од 2019 година па натаму.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close