НАСЛОВНАСАЕМИ

Светската автомобилска елита во октомври во Софија

Од 18 до 21 октомври 2018 ќе се одржи Automotive Forum & EXPO 2018 во Софија, несомнено најголемиот настан во авто индустријата во регионов

Во октомври, Бугарија ќе се присоедини кон привилегираната група земји во светот, кои можат да се пофалат со сопствени форум и саем, посветени на автомобилското производството и на пазарот на делови, компоненти и сервисна опрема. Светската елита пристигнува во Интер Експо Центар, а манифестацијата е дел од календарот на Automechanica Frankfurt.

Во пресрет на манифестацијата се одржа прес конференција на ИЕЦ Софија и Аутомотив Кластер Бугарија, организатори на првиот Automotive Forum & EXPO 2018. Настанот ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2018 и како што беше напоменато манифестацијата ќе има биенален карактер, ќе се одржува секоја втора година. Со посебна чест организаторите апострофираа дека имаат полна подршка од Automechanica Frankfurt – најголемиот меѓународен саем во областа на автомобилската индустрија. Бугарската приредба ќе се одржи само неколу дена после завршувањето на германската изложба во Франкфурт на Мајна.

sofia-auto-expo
– Пет децениската традиција на водечкиот светски трговски саем и најуспешната трговска марка на Messe Frankfurt, кои се наш долгогодишен партнер, ни ја дава потребната доверба да го направиме овој прв чекор. Верувам, дека наскоро Бугарија ќе се потврди како алтернативна дестинација за големите компании во секторот. Во овој момент слични настани има само во најразвиените држави во светот, како Германија, САД, Дубаи, Русија и Кина и други, и евентуалното потврдување на изложбата кај нас ќе биде многу јасен и позитивен знак за секторот, потенцира Ивајло Иванов, управител на Интер Експо Центар.
Првата изложба има за цел да ги опфати сите видови нови технологии, електромобили, автоделови и компоненти, автосервисна и гаражна опрема, додатоци и потрошен материјал за патнички, полутоварни и тешкотоварни автомобили.

Специјално внимание ќе биде посветено на идниот развој на автомобилската индустрија во следната деценија, преку демонстрации на технологии од иднината: Индустрија 4,0, Електрична Мобилност, Брзи напојни станици, Хибридни автомобили и технологии за автономно движење. Овој настан ќе доведе во Бугарија докажани менаџери на глобални автомобилски компании, кои ќе ги претстават најуспешните проекти во Источна Европа и Бугарија, B2B платформа за средби на меѓународно ниво, денови на кариера за специјалисти од автомобилскиот и IT сектор.

Ова е манифестација ќе биде доказ за можностите на најбрзо развивачката индустрија во Бугарија. Меѓународната автомобилска конференција ќе ги демонстрира најуспешните проекти во Источна Европа, како и перспективите за иден развој на автомобилската индустрија во земјата. Во 2018 година автомобилското производство ќе достигне 5% од бруто внатрешниот продукт на Бугарија, создавајки одржлив екосистем од добавувачи, кои се основа за забрзување на идните успеси“, истакна Љубомир Станиславов, извршен директор на Аутомотив Кластер Бугарија.


Водечки произведувачи на компоненти за автомобилската индустрија од Бугарија ќе презентираат новости во секторот, а експерти од странство ќе ги споделат трендовите за развој во секторот и ќе ги претстават барањата на своите компании до добавувачите во регионот. Паралелното одржување на изложбата и форумот се очекува да ги соберат на едно место клучните фигури во оваа индустрија и да им обезбедат можности за индивидуални средби, дискусии и создавање на нови контакти.
Извонредна прилика и за македонските бизнис структури, особено од овој сектор да бидат дел од оваа манифестација, или да ја посетат, што секако ќе придонесе за соодветен ефект со оглед што во нашата држава има повеќе компании, што странски, што домашни кои се дел од автомобилската индустрија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close