ЗАБАВАНАСЛОВНА

Се продава Алфata на Мухамед Али

Alfa Romeo Spider од 1976 година, сопственост на трикратниот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија, Мухамед Али, ќе биде понудена од аукциската куќа Barrett-Jackson во Лас Вегас, следниот месец.

Али ја купува Алфата од европски дилер на автомобили во Лејк Форест, во Илиноис. Тој го управувал автомобилот  кратко време, а потоа го дава на својот пријател – сегашниот сопственик. Името на продавачот не е пријавено, но истиот автомобил се споменува во книгата „Да трчаш со шампионот: Моето 40-годишно пријателство со Мухамед Али” од Тим Шанахан, кој потврдува дека го добил овој автомобил, па не е исклучено токму тој да е сопственикот.

Сребрената Alfa Romeo Spider  има минато 80.000 милји (128.720 km) и е опремено со 2.0-литарски четирицилиндерски мотор. Регистарскиот број е од Калифорнија и гласи ALIBEE2 – комбинација од името на Али и познатата му фраза “лета како пеперутка, прободува како пчела” (Fly like a butterfly, sting like a bee).

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close