НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Тојота ќе ја гради централата на обновлива енергија и водород

Tri-Gen ќе произведува вода, електрична енергија и водород за надополнување на моделите на горивни келии на Toyota, вклучувајки ги и тешките товарни возила од Project Portal

Со ова, Toyota Logistic Services станува првиот центар во САД кој ќе работи само со обновлива енергија.

Тoyota Motor North America Inc. (TMNA) ќе ја изгради првата светска централа за производство на јаглерод со капацитет од над еден мегават и станица за полнење на водород. Објектот Tri-Gen ќе користи биолошки отпад од земјоделско потекло за производство на водород, кој ќе се претвора во електрична енергија и вода и така ќе напојува операции од активностите во пристаништето во Лонг Бич.
водород
Кога ќе почне да функционира во 2020 година, Tri-Gen ќе генерира приближно 2,35 мегавати струја и 1,2 тони водород на ден – доволно за да напојува околу 2.350 просечни домови и да одговори на дневните потреби од гориво на близина 1.500 автомобили.

Инсталацијата за производство на електрична енергија ќе биде 100% обновлива, која ќе се користи и за потребите на Toyota Logistics Services (TLS) во пристаништето и тоа ќе го претвори во првиот објект на Toyota во Северна Америка, што ќе користи 100% обновлива енергија.
водород
– Повеќе од дваесет години Toyota е лидер во развојот на технологии за горивни келии, зошто го разбираме огромниот потенцијал за намалување на емисиите и заштита на животната средина”, рече Даг Мурха, потпретседател на групата за стратешко планирање. Tri-Gen е важен чекор нанапред за одржлива мобилност и клучното достигнување на нашиот предизвик за животната средина 2050 за да постигнеме нулта емисија на CO2 од нашите операции.

Објектот ќе обезбеди гориво за сите автомобили на горивни келии Toyota кои се движат низ пристаништето, од седанот Mirai и тешки камиони од класата 8 на Toyota познати уште како како Project Portal.

За да овозможи доток на гориво, Toyota ќе изгради една од најголемите во светот водородни пумпи со Air Liquide.

Tri-Gen е развиен од FuelCell Energy со поддршка на американското Министерство за енергетика, Калифорниските агенции за управување на квалитетот на воздухот и Универзитетот во Ирвин, чии истражувања се користат за развој на основната технологија. Фабриката ги надминува строгите стандарди за квалитет на воздухот во Калифорнија со намалување на емисиите и подобрување на квалитетот на воздухот.

И во иднина, Toyota ќе се залага за поддршка на развојот на водородната инфраструктура насочена кон потрошувачите за да се реализира потенцијалот на автомобилите со горивни келии. Триесет и една водородна станици за малопродажба веќе работат во Калифорнија, а Toyota продолжува да соработува со широк спектар на компании за развој на нови станици. Ова вклучува партнерство со Shell, што е прва ваква соработка помеѓу еден голем автомобилски гигант и нафтена компанија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close