Франкфурт 2017: Концепти, студии, новитети…на штандот на Kia

Светска премиера на концептната разработка Kia Proceed, деби на цеслосно новиот кросовер Stonic, на најмоќниот Picanto X-Line, како и на обновениот Sorento во GT-Line верзија, на европска верзија на Stinger, на изложбата на салонот во Франкфурт

Блесок на концептот на Kia Proceed крај Мајна, кој на свој начин е визија за новиот стајлинг на компатнииот Cee`d

. Прототипот ја комбинира динамичната визија на својот претходник со флексибилност и функционалност. Обликот на прототипот наликува на перка на ајкула, што го објаснува недостатокот на В-столбови, додека страничните облини оддаваат чувство за поголем волумен и ја нагласуваат мускулестата форма на задниот дел од возилото. Прототипот е направен во екстериерот Lava Red – комбинација на рачно нанесени слоеви на црно, хром и црвен лак. Внатрешноста на моделот е инспирирана од бутик за висока мода. Задните седишта се во рачно изработена црна ткаенина со сатинирани нишки кои се прелеваат во внатрешниот дел на вратата.

Kia ProCeed

– Во обид да одговориме на европските вкусови за жежок хечбек, решивме да обрнеме внимание кон развој на различен, целосно нов претставник на семејството Cee`d. Концептот Proceed е израз на нашата перцепција како душата на концептот може да биде претопена во креација која ќе освои нова генерација на корисници, чиј приоритет се динамичното управување и спортски карактеристики на возилото, потенцира Грегори Џулием, главниот дизајнер на Kia Motors за Европа.

Kia
Stonic

Kia Stonik е исклучително важен модел за брендот, што ќе се обиде да ја задоволи се посилната побарувачка во најбрзо растечкиот автомобилски сегмент во Европа. Импресивниот дизајн на Stonik во целост го открива потеклото на моделот. Решетка од тип на корпоративниот „тигров нос“ е нагласена со хроминарана рамка, a Targa стилот им нуди на клиентите да избираат меѓу 20 двобојни комбинации. Внатрешноста им нуди на идните сопственици, како и надворешноста, различни можности за персонализација. Ергономски дизајниран, моделот е опремен со голем број на иновативни технологии за подобрување на удобноста, практичноста, поврзувањето и безбедноста. Благодарение на интелигентниот дизајн, внатрешниот простор е зголемен со водечки простор во сегментот за рамената, нозете и главата на патниците. Stonic е екипиран со најновите Kia бензински и дизел мотори дизајнирани да ја максимизираат механичката ефикасност, да го подобрат однесувањето на возачот и да уживаат во возењето. Секој мотор е комбиниран во серија со рачен менувач дизајниран да го подобри чувството на непречено менување на брзините.

Kia
Picanto GT

Инспириран од формата на популарните компактни кросовери на Kia, Picanto X-Line ќе демонстрира нов, динамичен изглед заедно со најдобрите квалитети на моделот. Прогресивниот дизајн е нагласен со контрастни пакувања во боја и зголемен за 15 mm клиренс. Резултатот е посигурна, но сепак исклучително компактна форма, обезбедувајки уште појасна видливост за возачот.Picanto X-Line доаѓа со 1.0 литарски T-GDI (турбо бензински мотор со директно вбризгување) со 100 КС, најмоќниот модел во сегментот во историјата на брендот. Овој модел, исто така, ќе биде претставен и во GT верзија по нејзиното појавување на европските пазари во октомври 2017 година.

Новиот Sorrento ќе биде достапен со 8-брзински автоматски менувач за попрецизно менување, адаптивно управување и намалени емисии. Меѓу подобрувањата во автомобилот е новиот 8-инчен екран на системот за забава, иновативни безбедносни системи и удобност. Обновениот Kia Sorrento, исто така, ќе биде достапен во верзијата GT која ја следи спортско-динамичната поставеност на GT моделите, одржувајки ја функционалноста, ракувањето и високото ниво на безбедносни карактеристики на сегашниот модел.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close