НАСЛОВНАСПОРТ

Хек-трик на Маркез во Арагон

Возачот на Honda, актуелниот шампион Марк Маркез нанижа уште една победа во “кралската класа“, негова петта сезонава, инаку 34 во кариерата

За вкупно славје 1-2 победа се погрижи Дани Педроса, а по подлого време на подимот се најде Хорхе Лоренцо на Ducati. Со ова Маркез сега изби сам на чело во генералниот пласман.

Шпанскиот мотоциклист победи во трката за ГН на Арагон со време од 42:06,816 минути и ова е негов трет триумф во низа на оваа патека Шпанецот стартуваше од петтата позиција, но на 15 круга пред крајот дојде во ситуација за прв пат да избие на чело на колоната. Но направи грешка, што го чинеше излетување од патеката и пад на четвртото место. Но, возачот на Honda покажа зошто три пати во кариерата ја освојувал титулата. Наскоро по киксот го претекна Валентино Роси за да се пробие на второто место, а со голема упорност, што е неговата најголема вредност,  во завршницата го мина и Лоренцо за враќање во улога на предводник на трката што не дозволи повеќе да му биде одземена.

За Маркез ова е вкупно 34 триумф во кариерата во Moto GP шампионатите. За комплетно шпанско славје се погрижија  Дани Педроса (+0,879 секунди засотанување), Хорхе Лоренцо (+2,028 сек.), Марк Вињалес (+5,256 сек.), а како петти низ стартно-целната линија мина Докторот, единствениот Италијанец во првата петорка -Валентино Роси (+5,882 сек.).

Маркез е лидер во севкупниот редослед со 224 бода пред Довициозо со 208 и Вињалес со 196. До крај на сезоната преостануваат уште четири трки, а првата наредна е за ГН на Јапонија на 15 октомври.

Најбрз во Moto2 класата во Арагон беше Италијанецот Франко Морбидели (40:09,904 минути) пред сонародникот Матија Пасини (+0,145 сек.) и Португалецот Мигел Оливеира (+0,577 сек.). Морбидели е прв во генералниот пласман со 248 бодoви, пред Швајцарецот Томас Лути со 227 и Оливеира со 157 поени.

Шпанецот Жоан Мир, триумфира во категоријата Moto3 со време 25:57,607 минути, а место на подиумот обезбедија и Италијанците Фабио ди Џанантонио (0,043 сек.) и Енеа Бастијанини (+0,051 сек.). Мир со оваа победа се зацврсти на врвот во генерален пласман со 271 поен.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker