НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Јеер конечно го покажа новиот Wrangler

Компанијата American Jeep официјално ја претстави новата генерација на Wrangler

Светската премиера на моделот за публика ќе се одржи на автосалонот во Лос Анџелес, кој ќе започне кон крајот на ноември.

Како и се претпоставуваше, новата генерација на Wrangler (моделот за 2018 година) добила еволутивен дизајн. Јеер тврди дека аеродинамиката на автомобилот е значително подобрена, а исто така се потенцира дека новиот Wrangler ќе биде достапен во многу различни модификации на каросеријата.
Wrangler

Што се однесува до дизајнот очигледно е дека машината добила нова решетка на ладилникот и LED оптика. Далеку се поинакви браниците, како и поради одредени дизајнерски зафати поинаква е силуетата, како и задниот светлосен состав. Што се однесува до моторите на новите Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited, тие засега се чуваат во тајност. Според неофицијални информации, моделот ќе се нуди со два бензински агрегати – 2.0-литарски тубомотор со 4 цилиндри и 3,6-литарски атмосферски V6. Дизел верзијата ќе добие V6 мотор.
Wrangler

Wrangler

Клучни зборови

Поврзани вести

Close