fbpx

Работи кои не сте ги знаеле за зимски пневматици и новите Alpin 6

Наближува зимскиот период, а со тоа и потребата од зимски пневматици. Зимската обврска постои, но дознајте зошто

Зимскиот период со себе носи лизгави и влажни патни услови, па така ова годишно време ни претстаува еден од најпредизвикувачките периоди за сите возачи. Возењето во опасни услови како мраз, снег па дури и дожд, ги прави и најискусните возачи прилично нервозни и недоволно сигурни. Сепак ова може да се промени, со употреба на специјално дизајнирани зимски пневматици за овие временски услови.

Замената на летните пневматици со зимски, не само што ја подобрува стабилноста на вашето возило при вакви климатски услови, туку и ги намалува претстојните ризици и опасности со што се зголемува вашата безбедност. Купувањето на едни вакви пневматици и не е баш така мала и евтина инвестиција, но сепак претставува подолготраен влог, така што вашата информираност во врска со оваа тема е многу значајна.
Што всушност претставуваат зимските пневматици и кои се клучните разлики меѓу летните и зимските пневматици?

Зимските пневматици претставуваат специјално дизајнирани пневматици за постудени услови, кои создаваат најдобро прилепување со патната подлога, како и подобро движење. За студени услови, се сметаат оние услови кога температурите ќе паднат под (7)седмиот Целзиусов степен. Во овие услови зимските пневматици имаат подобри перформанси од летните, како подобро прилепување на пневматикот со патната подлога и подобро сопирањето.

Ефикасноста на зимските пневматици не се заснова само на спречување на лизгањето на вашето возило при возење на снег или мраз, како и обезбедување на поголем степен на прилепување како и при влажни, така и при суви услови под 7 ᴼС. Биле извршени тестирања со кои се испитувало сопирањето на влажна патна подлога на летни и зимски пневматици, на температура од 5 ᴼС и брзина од 100 km/h. Растојанието на сопирање со летните пневматици изнесувало 70,5 метри, додека кај зимските тоа изнесувало 65,7 метри. Причината за ова е зацврстувањето на летните пневматици при ниски температури. Зимските пневматици се поефикасни поради технологијата на изработка и употребените материјали, кои ни гарантираат флексибилност и при вакви временски услови. Степенот на прилепување со подлогата не зависи само од мекоста и флексибилноста на пневматикот, туку и од т.н. шара и нејзината длабочина. Со цел ова прилепување да е подобро, шарата кај овие пневматици се разликува со таа кај летните, со нејзината нажлебеност, длабочина, ширина како и форма.

 

Alpin 6
Зимско одбележување M+S

Кај зимските пневматици, може да се сретнат два вида на ознаки: буквите M+S и ознака во форма на планина со три врва и снегулка во средината и 3PMSF. Првата ознака односно M+S може да се види на all-season пневматиците и покажува дека пневматикот обезбедува супериорно движење во снег и кал, но сепак не е поврзана со задолжителите тестирања на перформансите. Втората ознака (3PMSF) може да се види кај зимските пневматици и означува дека пневматикот ги поминал сите тестирата по ЕУ регулативите за минимални потребни перформанси при движење на снег. Затоа реномираните производители на пневматици, како што е Michelin, ни ги препорачуваат пневматиците со ознака 3PMSF за возење во зимски услови.

Од досегашново, можеме да заклучиме дека зимските пневматици имаат најдобри перформански на температури под 7 ᴼС, дизајнирани се за да го зголемат степенот на прилепување со нивната подебела и поширока нажлебена шара, играат важна улога во безбедноста при зимски услови.

 

Францускиот гигант Michelin, преставува еден од најголемите и најреномираните производители за пневматици во светот. Освен кај возилата, нивните пневматици имаат примена и во мотоспортот, како MotoGP, Formula 1, 24 Hours of Le Mans и др. Пред почетокот на новата зимска сезона, Michelin ни ја претстави новата и подобрена генерација во гамата на зимските пневматици, моделот Alpin 6. Со имплементирање на Evergrip технологијата, перформансите се значително подобрени во аспект на сопирање и забрзување при снежни услови. Овој пневматик исто така се карактеризира и со зголемена слоевитост во пределот на шарата, со што му е зголемена и долготрајноста.
Во продолжение можете да го погледнете и официјалното видео од Michelin, каде се прикажани дел од овие карактеристики на пневматикот.

 

Поврзани вести

Back to top button