fbpx

Новиот Audi SQ8 со моќен V8 дизел мотор

Новиот Audi SQ8 претставен со 4,0 литарскиот V8 дизел мотор и моќност од 429 коњски сили

Германскиот производител ја претстави долгоочекуваната варијанта на својот предводник во SUV класата, моќниот SQ8. Со вкупна моќност од 429 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm уште од 1000 вртежи во минута, германскиот SUV забрзува до 100 km/h за 4,8 секунди, пред да ја достигне електронски ограничената максимална брзина од 250 km/h.

Моторниот погон на возилото вклучува 48 волтна литиум-јонска батерија која му овозможува на електричниот компресор практично да го елиминира целиот турбо застој. Купувачите можат да го возат овој SUV на чиста електрична енергија со брзина до 22 km/h.

SQ8

Audi исто така го опреми новиот SQ8 со сопирачки од јаглеродни влакна, а исто така ги додаде и адаптивната воздушна суспензија и Drive Select динамичниот систем за управување. На листата на дополнителни опции понуден е системот за управување на сите четири тркала заедно со спортскиот диференцијал.

Надворешните промени вклучуваат издувен систем со четири издувни цевки, сребрен заден дифузер, спортски тркала, значки ‘S’ и нови доводи за воздух. По внатрешноста на SQ8 може да се забележи присуството на прилагодени детали, како педали од нерѓосувачки челик, врежани S логоа, како и кожни и Алкантара завршетоци.

Од Audi изјавија дека се работи и на бензинска верзија на новиот SQ8, која ќе се продава на одредени пазари.

Поврзани вести

Back to top button