Викенд Тарифа: Се дружевме со Ferrari Enzo и Maserati MC12

Базирани врз иста шасија, Ferrari Enzo и Maserati MC12, два модели преставени помеѓу 2002 и 2004 година, имавме ексклузивна можност да ги видиме рамо до рамо кај нашиот партнер Quattroruote во Ваирано

Авто Плус за време на престојот во Ваирано за овогодинешниот Club Tre Secondi имаше ексклузивна можност да се дружи и со две автомобилски легенди кои се дел од приватна колекција. Имено, со своето присуство не почестија моделите, Ferrari Enzo и Maserati MC12 кои и по повеќе од 15 години од своето преставување изгледаат и звучат инпресивно.

Ferrari Enzo

Целосно изведен во каросерија од карбонски елементи, Ferrari Enzo поседува агрегат во V12 конфигурација кој од 6 литарската зафатнина истиснува 660 КС и е во можност да постигне максимални 350 км/ч. Моделот Enzo e произведен во серија од само 400 примероци во период од 2002 до 2004 година, a неговата моментална вредност се движи над 3 милиони евра.

Ferarri-Enzo - Avto Plus
Ferarri-Enzo – Avto Plus

 

Maserati MC12

Базиран врз шасијата на Ferrari Enzo, Maserati MC12 е преставен во 2004 година како модел со кој компанијата по долгогодишно отсуство се враќа на натпреварувачките патеки. Моторизацијата се состои од 6 литарски V12 агрегат кој располага со 630 КС и му овозможува на овој модел да стигне до крајна брзина од 330 км/ч. Едногодишното производство и лимитираниот број од 50 примероци го прави овој модел да биде ултра ексклузивен, а уште поексклузивни се дополнителните 12 примероци на верзијата МС12 Corsa хомологирани за натпреварување. Иако ретко кој се одлучува да го продаде, цената на „обичната верзија“ се движи во зоната од 3 милиони евра додека за вредноста на оние 12 примероци од аукциските куќи велат дека: „само небото е границата“.

Maserati MC12-Avto Plus
Maserati MC12 – Avto Plus

 

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close