fbpx

Без дизел мотори и на следната генерација на Volvo XC90

Volvo веќе ги поставува темелите за следната полесна и подобрена генерација на XC90

Уште од сега е јасно дека Volvo XC90 нема да се нуди со дизел мотори, а своето деби ќе го има во 2022 година. Информациите за тоа доаѓаат директно од првиот човек на компанијата Семјуел Хакасон, кој говореше пред медиуми за време на презентацијата на седанот S60.

Volvo XC90

-Треба да се изберат приоритети – не можеме да правиме нешто што ќе не попречи во визиите. Ако сакаме да побрзаме со електрификацијата, треба да кажеме не на други технологии. Токму поради тоа S60 нема дизел мотор и такви не планираме за идните модели, вклучувајќи го и новиот Volvo XC90.

Во моментов шведската фирма инвестира во развој на нова платформа SPA2 која ќе биде фокусирана на електричните технологии. Веќе се знае дека првиот електричен модел на шведската компанија ќе биде направен врз кросоверот XC 40, a Хакасон потврди дека размислуваат втората опција да биде врз новиот ХС 90.

Поврзани вести

Back to top button