САЕМИ

Шангај 2017: Блесок на најмоќното BMW M4

BMW ја претстави на автомобилскиот саем во Шангај најмоќната верзија на М4 - CS со моќност од 460 коњски сили

Новата верзија на М4 се позиционира меѓу М4 Competition Package и M4 GTS.

Со оглед дека сите автомобили од лимитирана серија М4 GTS се веќе распродадени, M4 CS ја презема улогата на актуелна топ верзија на моделот. Во споредба со М4 Competition Package моќноста на M4 CS се зголеми за 10 коњски сили, а максималниот вртежен момент за 10 Nm до 600 Nm. Максималната брзина е електронски ограничена на 280 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h e за 3,9 секунди. M4 CS нема да се нуди со мануелен менувач.

М4

Во споредба со M4 верзијата CS е за 30 килограми полесна, a тоа главно се должи на употребата на карбон за изработката на предниот капак и на багажникот. Дополнително се oлеснeти тапацирот на вратите, аудиосистемот, а климата покрива една зона. M4 CS ќе нуди и други силни карактеристики – цврсто подесувања на суспензијата, лесни фелни со големина 19 и 20 цола напред и позади, како и додавањето на нови аеродинамични елементи.

М4

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close