МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Ново име и во ценовникот на М-Кар: BMW Х3

Во понуда во М-Кар е новата генерација на BMW Х3. Mоделот пристигна неодамна, а сега имаше и официјална презентација за медиумите. Ова е несомнено модел од кој многу се очекува како на пазарите ширум светот, така и кај нас

Новото BMW X3 имаше свое деби на салонот во Франкфурт оваа есен, а веќе е во понуда кај македонскиот импортер. Станува збор за остварување кое при при своето лансирање во 2003 година најави еден нов сегмент во средната класа, SAV (Sports Activity Vehicles) возила. Досега беа создадени две поколенија на моделот, кои остварија навистина извонредни резултати со продадени до овој момент над 1,5 милиони примероци, а на ред е третата генерација.

BMW Х3: предводник на SAV сегментот

BMW Х3-skopje-ordevski– Возилото кое ви го претставуваме денеска е модерно и уште поспортско од неговите претходници, но при тоа ни малку не губи од удобноста на возењето. Третата генерација на BMW X3 ги следи чекорите на своите претходници, комбинирајќи суров теренски изглед и спортски шарм со уште поефикасни мотори, опрема и интелигентен, лесен дизајн. Инженерите на BMW овој пат инкорпорираа далекусежни модификации на шасијата со цел значително да ја подобрат динамиката на возењето, стабилноста во насочувањето и чувството на управување кај новиот BMW X3, изјави Александар Ордевски, на официјалната промоција.

Карактеристичен дизајн и кај новината генерација гарантира незадржливо емитување и ги нагласува динамичките амбиции, типични за возилата со Х карактер на баварскиот гигант. Новината ќе биде достапна со избор меѓу три варијанти на моделот – xLine, Luxury Line и M Sport – како и палетата на BMW X3 Individual. Тежината е намалена до 55 килограми во однос на претходниот модел, а со интелигентната лесна конструкција се постигнува најдобрата аеродинамична вредност во класата (cW = 0,29). Од она што треба да се издвои е што X3 веќе има управување со гестови и интелигентен гласовен асист-состав.
Опсегот на мотори на почетокот на продажбата, вклучува три бензински и два дизелски со капацитет од 184 до 360 КС. Сите модели се стандардно опремени со трансмисија Steptronic со осум брзини. Цените започнуваат од 43.110 евра за верзијата X3 20is.

BMW Х3-skopje

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker