fbpx

Чао за легендарната “Буба”

Volkswagen го произведе последниот примерок од Буба во Мексико, со што полека го испрати моделот во историјата

По речиси 80 години, долгиот и кривулест пат доаѓа до крај за легендарната Буба (Beetle). Германскиот производител уште минатата година го најави крајот на својот популарен модел, а сега, последниот примерок од Буба ја напушти прозиводната лента на погонот во Мексико.

Во 1938 година, Volkswagen за прв пат го претстави ново креираниот модел наречен Буба – Оригиналната Буба, кој речиси веднаш беше одлично прифатен од страна на публиката. Три децении подоцна, малиот привлечен и практичен автомобил стана симбол на шеесеттите, носејќи го слоганот „малото е убаво“.

Кон крајот на 1970-тите, брендот го заврши производството на Буба, а од 1998 година ја врати на производните ленти под името Новата Буба (New Beetle). Таа требаше да претставуава визуелна ретроспектива на оригиналниот модел, но сепак суштински беше поблиску до Golf. Последната варијација на иконскиот модел беше претставена во 2011 година, но продажбата сепак продолжи да се намалува. Така од околу 43.000 продадени единици во 2014 година, таа опадна на 15.000 во 2017 година, што претставуваше клучен фактор во одлуката на Volkswagen да го испрати моделот во историјата.

1 | Буба
2 | Буба
3 | Буба

    Последната Буба го означува крајот на една ера, бидејќи таа како модел играше навистина значајна улога во трансформирањето на Volkswagen во она што е денес. Гледајќи ја поголемата слика, од самото постоење на моделот, Volkswagen на глобално ниво продаде вкупно 21,5 милиони Буби, каде за најголемиот дел од тие продажби е заслужна Оригиналната Буба. Популарноста на моделот и помогна на компанијата да продаде повеќе од 1,2 милиони единици помеѓу 1998 и 2010 година, а со појава на последната варијанта на Буба во 2011 година, произведени се повеќе од 500.000 примероци до сега.

    Во официјалното соопштение, генералниот директор на Volkswagen од Америка, Скот Кеог рече:

    „Невозможно е да се замисли каде Volkswagen ќе беше без Буба. Додека дојде крајот на нејзиното време, улогата што таа ја играше во еволуцијата на нашиот бренд ќе биде засекогаш зачувана“.

     

    Последниот примерок на Буба го напушти погонот во Мексико во купе изведба со Denim Blue боја. Автомобилот ќе биде прикажан во музејот на Volkswagen во Пуебла, Мексико. Сепак, и покрај крајот на производството на моделот, фабриката во Пуебла ќе продолжи со својата работа, бидејќи е избрана за производство на нов кросовер за Северна Америка.

    Поврзани вести

    Back to top button