Автомобилските компании се осудени на пропаст
Автомобилските компании не се подготвени да бидат водечки во индустријата при бранот на пристигнувањето на следните генерации на транспортни средства и ќе се откажат од играта, претпоставува неодамнешниот извршен директор на Opel, Карл Томас Нојман
Автомобилските компании не можат да ја носат потребната револуција во транспортот, вели поранешниот шеф на Opel. Менаџерот, кој ја напушти компанијата по преземањето од страна на француската група PSA Peugeot-Citroen, сега се приклучува на електричниот стартер Evelozcity. Тој ќе ја предводи мобилната служба со седиште во Лос Анџелес. Една од неговите задачи е да работи на интегрирање на блок системите во автомобилите на иднината, пишува FT.
Evelozcity беше формирана пред една година од страна на двајца поранешни вработени на BMW, финансиерот Штефан Краузе, со искуство и од Deutsche Bank, и Улрих Кранц, кој го разви првиот од двата автомобила од i-серијата на BMW – i3 и i8. Пред да се раздвојат, тие исто така работеа и за компанијата спонзорирана од кинески милијардерски стартап, Faraday Future.
Откако го напуштија Faraday Future тие беа обвинети за крадење на тајните на компанијата, но Краузе и Кранц го негираа тоа. Ним им се придружи и дизајнерот Ричард Ким, кој исто така работел за BMW и Faraday Future.Овој ангажман на Карл Томас Нојман, конечно ќе ги прекина гласините дека тој е следниот шеф на Audi. Пред преземањето на Opel, Нојман беше на чело на операциите на Аudi во Кина.
Тој во неколку наврати изјави дека се сомнева во способноста на традиционалните автомобилски компании да се справат со огромните промени во секторот, а неодамна повторно ги „подгреа“ своите ставови со нова изјава:
– Потребни ни се нови концепти за транспорт и електричната мобилност, за да ги ослободиме градовите од сообраќајот и загадувањето, коментира Нојман по одлуката да се приклучи кон Evelozcity.
– Пред нас се многу предизвици и многу можности и не верувам дека традиционалните автопроизводители ќе можат да го прифатат темпото наметнато од брзината на одвивањето на овие промени. Evelozcity ги одразува моите сопствени убедувања што е потребно, па решив да се придружам на оваа компанија.