НАСЛОВНАСПОРТ

Ex, таа гума!

„Летечкиот Македонец“, популарниот Иџе во претпоследната рунда од ЕТСС шампионатот, која беше на програмата во белгискиот Золдер оствари осмо место по првата и прво по втората трка и натаму останува четврти во генералниот пласман

Нашиот најдобар возач оствари извонреден успех во квалификациите пласирајчи се на второто место. Старуваше извонредно во првата трка и остана на истата позиција, но на еден круг пред крајот, мораше да замине во бокс поради проблеми со предната лева гума. Навистина голем пех, бидејќи Иџе едноставно беше подготвен за највисок дострел во кариерата во Золдер. Тоа го потврди во втората трка. Според правилата, во втората трка првите осум стартуваат по обратен редослед, па тој тргна од првото место и со навистина извонредно возење го сочува до крајот. Овој пат неговите најлути ривали во борба за титулата мораа да му ја стиснат раката, Швајцарецот Петер Рикли заврши како втор, а Чехот Петр Фулин трет. И по трет пат во историјата откако Иџе учествува во ЕТСС шампионатот се слушаше македонската химна.
гума
Стефановски е само седум бода зад водечкиот Петер Фулин, кој сега има 63 поени, или толку колку што загуби поради скинатата гума во првата трка. Пред него се Унгарецот Норебрт Наѓ и Швајцарецот Кристјохане Шрајбер со по 56 поени. Последната трка се вози на 8 октомври во Чешка на патеката „Мост“, домашен терен за водечкиот Фулин.
гума

Клучни зборови

Поврзани вести

Close