Fiat го унапреди семејството Tipo со пакетот More

Италијанската компанија Fiat сака во Европа да го напреди семејството на моделот Tipo и во основниот пакет да понуди значително повеќе опции

Во желба да го одржи интересот за својот модел Tipo, Fiat сега на европскиот пазар комплетната гама на Tipo ја понуди со новиот More пакет.

Тоа значи дека More пакетот на Tipo во понудата ќе биде достапен за сите три модели на каросерии – хечбек, седан и караван, како и со Street, Mirror, Lounge, S-Design и Sport опремата. Во пракса, More пакетот ќе ги прави Tipo Sport и S-Design нешто поспортски, кај Lounge ќе се додава опрема заслужна за повеќе комфор и безбедност, а кај Tipo Mirror и Street ќе се додаде уште повеќе.

Она што исто така ќе биде новина е тоа што Fiat свесн повеќе работи на комфорот и развојот на технологијата, исто така ќе можат да понудат ксенон светла (предни и задни), затемнети стакла и безбедносен пакет. Tipo со новата опрема ќе биде поевтин и во некои други опции ќе биде и прилично поповолен од досега. Некои Tipo модели ќе имаат и автоматска климатизација, сензори за паркинг, радио со екран на допир и кожен волан.

Tipo

Конкретно, Tipo Sport и Tipo S-Design со More пакетот добиваат подинамичен изглед (црн контрастен покрив и 18-инчни спортски алуминиумски тркала во црна боја), Tipo Lounge е побогат за Xenon предни светла, затемети стакла и стандардниот Safety пакет, Tipo Mirror сега се одликува со затемнети стакла, автоматски клима-уред и задни паркинг сензори, додека Tipo Street ќе може да се пофали со црн ентериер, UConnect систем и кожен волан.

Tipo најверојатно ќе користи 1,4-литарски атмосферски мотор со четири цилиндри кој ќе има 95 КС, потоа тука е 1,4-литарскиот Turbo-Jet со 120 КС кој е турбо-бензинец, а не треба да се заборави ниту 1,3-литарскиот турбо-дизел Multi-Jet со 95 КС или турбо-дизел 1,6-литарскиот Multi-Jet со 120 КС.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close