Fiat го подготвува Centoventi како нискобуџетен EV

Шефот на Fiat, Оливие Франсоа, најави дека италијанскиот бренд посериозно ќе се насочи кон EV сегментот, особено откако го лансираа електричното издание на 500

Долго време Fiat заостануваше во однос на конкурентите кога станува збор за електрификацијата и новите технологии, но сега во италијанската компанија се обидуваат да фатат приклучок. Сепак не е доцна за такво нешто, а на Fiat му оди во прилог и фузионирањето на PSA и FCA со што Италијанците ќе добијат пристап до голем број платформи, агрегати, како и електрични погонски склопови.

Во меѓувреме, италијанскиот производител се потпира на своите знаења и искуства. По монденското електрично издание на Fiat 500, најавен е и моделот Centoventi. Овој автомобил е замислен како подостапен електричен автомобил, пред се ценовно, но тоа ќе значи и послаба конфигурација.

Centoventi

„И понатаму сум мошне возбуден околу Centoventi. Тоа е електричен автомобил кој нема да чини многу, а и понатаму ќе биде профитабилен. Ова е минималистички модел, инспириран од Panda“, изјави Франсоа. Шефот на Fiat додаде и дека 500e ќе биде поскам со поголемата автономија и подобра опрема, но и дека Centoventi ќе има што да понуди со помалку опрема, поевтини материјали во кабината како и со батерија со помал капацитет.

Centoventi

Ова значи дека најавениот Centoventi би требало да биде далеку поевтин модел, што потенцијално значи дека би можел да биде директен конкурент со нискобуџетниот електричен кросовер на Dacia. Романската компанија планира својот електричен автомобил Spring да го понуди за цена од околу 15.000 евра, што сепак не значи дека и Fiat ќе понуди слична цена.

Centoventi

 

Очигледно е дека регулативите на ЕУ, но и популаризацијата на електричните модели ќе донесе разниликост на пазарот. Поради тоа, наскоро ќе видиме и борба меѓу возила кои чинат далеку помалку од скапоцените електрични автомобили кои во моментов ги нудат Tesla, Mercedes, Audi, Volkswagen и останатите производители.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close