Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Името Ioniq прв пат го сретнавме во 2016 кога го лансираше моделот во три изведби, од кои и една хибридна и и електрична

Преку Ioniq суб-брендот Hyundai ќе пласира 100% електрични модели и тоа 3 во првите четири години. Компанијата ќе ги комбинира постоечките квалитети како брзо полнење, просторна внатрешност и батериска моќ со “future innovations that combine design, technologies and services to integrate in-car and out-of-car experiences for a seamless journey.”

Трите модели кои се најавени се Ioniq 5, 6 и 7, а бројките ќе симболизираат големина и: парните како ознака за седаните, а непарните бројки посветени на СУВ изведбите.

Прв модел кој ќе биде лансира е Ioniq 5 кој ќе биде компактен кросовер на почеток на 2021. Ќе се базира на Hyundai 45 EV Concept кој беше презентиран на ланскиот салон во Франкфурт. Во 2022 ќе биде лансиран Ioniq 6 седанот, базиран на Prophecy Concept, презентиран во март. На почетокот на 2024 ќе го лансира Ioniq 7, големиот електричен СУВ.

Hyundai-Ioniq-Brand

Сите модели на Ioniq ќе лежат на Electric Global Modular Platform (E-GMP) која нуди брзо полнење. Hyundai исто така тврдат дека ќе направат внатрешност која ќе го промени концептот и ќе креира Smart Living.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close