Kia Sonet – најновиот субкомпактен СУВ

Во февруари оваа година Kia го презентираше овој модел во концепт, планира да го „стави на полица“ за пар месеци, а го презентираше пред некој ден

Уште еден СУВ во портфолиото на Kia. Овој субкомпакт беше презентиран како концепт на саемот во Њу Делхи во февруари оваа година. До крајот на оваа година ќе се најде на пазарот во Индија, а се очекува на крајот и да допре до глобалниот пазар. Сеуште нема информација на кои пазари.

Kia-Sonet-India

Sonet, со должина од нешто повеќе од четири метри, има типична решетка на Kia со нос на тигар и LED светла, големи воздушни влезови и широки, дополнително покриени лакови на тркалата. Задните наклонети Ц-столбови се отвораат во спојлер на покривот над задниот прозорец. LED светлосен опсег под стрмниот заден прозорец ги поврзува двете LED задни светла. На задниот браник има две облоги(маски) во форма на издуф и елемент на дифузер. Црвените елементи поставуваат акценти во екстериерот и ентериерот.

Kia-Sonet-India

Внатре, Kia Sonet изгледа модерно благодарение на 10,25-инчен централен осетлив на допир и 4,2-инчен кластер за дигитални инструменти. Контролната табла е дизајнирана околу возачот, што исто така има придобивки од спортскиот мултифункционален управувач и компактна централна конзола која има само основни копчиња. Актуелно на времето, се нуди Smart Pure Air Purifier со филтер за вируси, BOSE аудио систем, амбиентално светло и други „зезалици“…

Моторите веќе познати од Kia се користат за индискиот пазар. Тоа се бензински мотори со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри и турбодизел со зафатнина од 1.5 литри. Промените се прават со употреба на мануелен менувач со пет и шест брзини. Исто така, треба да биде достапен и седумстепен менувач со двојна спојка и шестстепен автоматски. Пред сè, новиот шестстепен пренос без педал за „кумплунг“ привлекува внимание.

погледнете го видеото од промоцијата

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close