МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

По своето деби во Франкфурт, Kia Stoniс и кај нас

Како и престижниот Stinger, ден подоцна го „фативме“ и Kia Stoniс како буквално се симнува од камион и се паркира во одделот за царински надзор на македонскиот импортер

Еден ден по доаѓањето на Stinger, пристигна и малиот кросовер на корејскиот производител Kia Stoniс кој влегува во жестока битка со мошне силната конкуренција на ова поле на пазарот. Извонредно избалансиран дизајн во комбинација со врвни технологии карактеристични за изведбите од повисоките класи.

Kia Stoniс-skopje
Како и престижниот Stinger, ден подоцна го „фативме“ и Stonic како буквално се симнува од камион и се паркира во одделот за царински надзор. Новиот SUV ја користи платформата на Kia Rio. Дури 51% од каросеријата на Stoniс е од висококвалитетен челик, а тежината на возилото е 1.069 килограми. Коeфициентот на аеродинамичност е 0,33 и генерално дизајнот на кросоверот во голема мера го повторува оној од концептот Provo, прикажан во 2013 година. Сите верзии на моделот ќе бидат со преден погон, а систем 4х4 засега не се предвидува.

Kia Stoniс skopje
Во ентериерот е поставен 7-инчен екран на допир и нов мултимедијален систем. Возачот има на располагање многу асист состави, а волуменот на багажникот е 352 литри и е еден од најдобрите во сегментот. Во палетата на агрегати влегуваат 1.0 бензински турбомотор со 3 цилиндри, кој развива 116 КС, како и 1.25 со 85 КС, кој се вградува и во Kia Picanto. Ќе има и верзија со 1,4-литарски мотор со турбо, како и 1,6-литарски дизел. Подоцна не се исклучува и појавата на целосно електрична модификација. Цените дополнително!

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close