fbpx

Од Lamborghini ги негираат автономните автомобили

Lamborghini ги следи главните трендови во автомобилската продукција, па претстои презентацијата на првиот кросовер на брендот

Сепак, Италијанците не веруваат дека сè што изгледа модерно во моментот би ја извршило својата работа доследно и ги негираат автономните автомобили.

За изданието Digital Trends, шефот на одделот за истражување и разарботки на брендот Lamborghini, Маурицио Реџиани, беше категоричен дека во компанијата немаат намера во блиска иднина да вложуваат на технологија за автономно движење.

Lamborghini

Маурицио Реџиани за изданието Digital Trends рече:

–  Ако го купите нашиот модел, го правите тоа за задоволство и уживање во возењето. Ако мораме да зборуваме за целосно автономно возење, ќе бидеме последен бренд што ќе го понудиме, рече Реџиани.

Lamborghini

Сепак, кросоверот Urus ќе ги добие сите напредни безбедносни системи и помошни состави на возачот достапни за премиум моделите. Автомобилот ќе има адаптивен круз-контрол, систем за контрола на лентата на движење и други слични технологии. Но на нив не треба да се гледа како на чекор на патот кон полноправни беспилотни автомобили.

На ист начин, од Lamborghini се однесуваа и за можноста за изработка на електричен суперкар, односно целосно ја отфрлаа идејата. Сепак, моделите на Lamborghini ќе добијат електрични погони, бидејки тие не можат да избегаат хибридизација на гамата.

Поврзани вести

Back to top button