fbpx

Маскирано деби за новата Toyota Yaris во GR Sport и хибрид изведба

На почетокот на оваа година добивме увид на следната генерација на Yaris за прв пат за време на тестирањата на Nürburgring

Тестираниот прототип ја навести и перформансната изведба на престојниот Yaris. Најверојатно се работи за GR Sport верзијата, која не беше единствена на стазата. Заедно со прототипот со златни бандажи со типична Toyota Gazoo Racing камуфлажа, присутен беше и втор прототип, хибриден Yaris.

Како што може да се види од сликите, двете верзии имаат нов надворешен дизајн кој се чини дека е повеќе емотивен од сегашниот јапонски хечбек, кој беше лансиран во 2011 година. Новиот супермини прифаќа повеќе атлетски пропорции и ново лице, со дводелна решетка и елегантни хоризонтални фарови.

Засега нема детали околу погонските единици кои ќе ја придвижуваат новата верзија на Yaris, но би требало да дознаеме повеќе наскоро, со оглед на тоа што моделот се очекува да дебитира некаде во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button