fbpx

Mercedes-AMG A35 конкурент на Golf R и Audi S3

AMG го покажа моделот A35 како влезно ниво во нивната линија на автомобили

Mercedes-AMG одлучија дека ќе го покажат A35 пред неговото официјално деби следниот месец на Paris Motor Show. Доаѓа со 2.0 литарски турбо мотор како што се очекуваше,4Matic и 7-брзински менувач што е разбирливо, но крајните вредности се изненадувачки.

Се очекуваше овој модел да нуди околу 340 коњски сили, а моделот има 306 “коњи”. Може оваа бројка да ви звучи познато поради тоа што Golf R ги имаше истите заради усогласување со новите прописи. Истава бројка на коњски сили ќе ги има и Audi S3, BMW X2 M35i.

Со погон на сите тркала A35 е забрзува од 0-100км/ч за 4.7 секунди и максимална брзина до 250 км/ч.

 

Поврзани вести

Back to top button