Mercedes-AMG GT C Roadster против Porsche 911 4S Cabrio

Ривалството помеѓу Mercedes-Benz и Porsche е добро познато, а нова „пресметка“ на 402 метри имаа Mercedes-AMG GT C Roadster и Porsche Carrera 911 4S Cabrio

Видеото во прилог прикажува ситуација во која „гради во гради“ се соочуваат два силни кабриолети, адути на Mercedes и Porsche. Mercedes-AMG GT C Roadster се движи на 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој развива 550КС и кој е сместен напред, а неговата сила се пренесува на задните тркала. Кога станува збор за Porsche 911 Carrera 4S Cabrio, неговиот 3,0-литарски битурбо шест-цилиндричен боксер мотор е сместен позади и неговата сила се пренесува на сите четири тркала.

Како заврши оваа пресметка на 402 метри, погледнете во видеото.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close