НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Mercedes-Benz го подготвува својот најмоќен roadster

Досега најмоќниот двосед на Mercedes со отворен покрив беше модификацијата AMG GT C Roadster, кој се потпира на 4.0-литарски V8 со моќност од 557 КС и 680 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,7 секунди, што е навистина извонредно и треба да ги задоволи сите клиенти.

Сепак, компанијата од Штутгарт подготвува нешто уште поимпресивно. На интернет просторот се појавија фотографии и информации за прототип, покриен со камуфлажа. Сепак, на нив се гледа активно антикрило и големи всмукувачи за воздух, што покажува дека тоа најверојатно е модификација AMG GT R.

Уште во 2016 година Mercedes покажа купе со ова име, што претставува одговор на супер изведбите на Porsche, Aston Martin, Ferrari и Lamborghini. AMG GT R се потпира на истиот мотор, но со 585 коњски сили. Машината има активна аеродинамика, а повеќето од елементите се направени од јаглерод. На крајот ова остварување се покажа и најбрзиот Mercedes на Северниот лак на Нирбургринг, еден круг  за 7:10,92 минути.

Досега, сепак AMG GT R се предлагаше само како купе, но очигледно е дојде време за појава на родстер. Тој ќе го добие истиот мотор кој со помош на 7-степен роботизиран менувач пренесува моќ кон задните тркала. Самата задна оска се врти и активните аеродинамични елементи ја зголемуваат силата на притисок. Кај купето забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, а кај родстерot се очекува тоа да изнесува 3,6 секунди, бидејќи поради механизмот за симнување на покривот отворената верзија е потешка. Исто така, ќе има разлика во максималната брзина, која во стандардниот AMG GT R е 318 km/h.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close