ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Нема забрани во Британија за бензинците и дизелите од 2040

Иако во последниве неколку години имаме масовно лобирање на еколошките организации, Британија не предвидува забрани за моторите со внатрешно согорување од 2040 година.

Но, да не се лажеме, забрани нема, но сепак производителите на автомобили ќе треба да ги исполнат строгите барања за емисите на штетни гасови. Државата, исто така, активно ќе  ги промовира електрични автомобили. Во наредните години Велика Британија ќе одвои милијарди евра за проширување на електричната мобилност, но забраната за мотори со внатрешно согорување од 2040, прогласена пред неколку месеци, веќе не е на агендата. Ова беше одлучено со новата стратегија, што веќе ја објави британската влада.

Целта е до 2030 година најмалку половина од вкупната бројка на возила кои се сообраќаат на Островот и 70% од сите нови автомобили да бидат класифицирани како средства со исклучително ниско ниво на испуштање на штетни гасови, што во моментов е помалку од 75 грама јаглерод диоксид на километар. Ова значи дека старите возила на дизел и бензин ќе бидат забранети. Во Лондон, постарите дизел автомобили се веќе санкционирани или блокирани, па сообраќаат само надвор од градот.

Корекцијата во новата стратегија на Велика Британија во никој случај не е отстапување од целта за постигнување промена на електричната мобилност. Во многу транспортни сегменти, ќе биде потребна хибридна технологија за да се исполнат барањата за емисии. Во прилог на милијарди планирани субвенции за електрична енергија, владата, исто така, ќе ја развие мрежата за полнење, односно инфраструктурата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close